Футсал репрезентацијата до 19 години патува на квалификациски турнир во Гибралтар

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години на втори и трети ноември ќе учествува на квалификацискиот турнир во Гибралтар за пласман во Елитна фаза квалификации за Европското првенство.

Репрезентацијата предводена од селекторот Зоран Лекиќ ќе одигра два натпревари против Црна Гора и домаќинот Гибралтар.

  • Зоран Лекиќ ги повика следните играчи:

Никола Анчевски (Железарец), Иса Фера (Шкупи), Бојан Неделковски (Шкупи), Антонио Јанев (Велес), Христијан Митев (Овче Поле), Душко Пауновиќ (Клими), Стефан Грујевски (Клими), Мартин Цветковски (Железарец), Суфијан Чајани (Железарец), Давид Велјаноски (Шкупи), Давид Блажевски (Велес), Стефан Петрушевски (Железарец), Арбен Асани (Арбен Бајрами);

Селектор на младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години е свесен дека ги чека тежок турнир, но вели дека неговите избраници нема да се предадат на ниту еден натпревар.

„Ќе се обидеме да поминеме во следната фаза од квалификациите, ќе биде многу тешко, но спортски е да се надеваме. Проблем претставува фактот што претходно немаме одиграно ниту еден пријателски натпревар. Ова е прв наш собир. За разлика од во репрезентацијата на Црна Гора кои веќе имаат десетина контролни натпревари. Но, како што реков, спортски е да се надеваме, без предавање. Мора да веруваме во себе и тимот ако сакаме да оствариме позитивен резултат“, вели Лекиќ.

Првиот меч го играме на втори ноември со Црна Гора во 17:00 часот, ден подоцна ќе се спротивставиме на домаќинот Гибралтар од 19:00 часот.