• Горан Упале

Футсал репрезентацијата на Македонија забележа пад на последната ранкинг листа која ја објави Европската куќа на фудбалот (УЕФА).
Според последното рангирање на УЕФА, избраниците на Скендеровски ја заземаат 25. позиција со 1431.080 бода, што претставува мал пад во однос на претходната листа.
Тоа се должи на несреќниот пораз во последниот одигран квалификациски натпревар за ЕП од Босна и Херцеговина, селекција која пак забележа голем напредок и се искачи на осмата позиција. Од репрезентациите кои се наши противници во групата, Србија е веднаш зад БиХ, додека Романија е на 15. место.
Лидер е Шпанија, па следуваат Русија, Казахстан, Португалија, Хрватска, Азербејџан и Италија.