Футсал првакот Форца ќе биде домаќин на групата од квалификациите за ЛШ

Форца од Куманово е нов футсал првак на Македонија и така ќе игра во Лигата на шампионите, а УЕФА реши да ни ја додели една од претквалификациските групи.

Шампионот на Македонија ќе игра во претквалификациите и ќе биде организатор. Бидејќи салата во Куманово се уште се реновира, натпреварите од елитното натпреварување ќе се играат во Скопје.

Противниците во ЛШ, Форца, тим кој ја освои двојната круна на домашната сцена, ќе ги добие на 4 јули кога е закажана ждрепката во Нион, Швајцарија.