ВИДЕО: Футсал мајсторот Рикардињо ја „уништи“ Панама со шест гола во првото полувреме

Рикардињо

На Светското првенство во футсал, кое се одржува во Колумбија повторно најголемо внимание привлекува португалскиот велемајстор, Рикардињо. Португалецот играше симултанка против Панама и постигна дури шест гола во првото полувреме, во победата на Португалија од 9-0.

Најдобриот футсал на денешницата уште еднаш покажа за каков талент се работи, а колумбиските навивачи се восхитуваа на секое следно ремек дело на Рикардињо.