• Александар Ковачев
Футсал репрезентацијата на Русија како првопласирана од групата Ц обезбеди пласман во четвртфиналето на ЕП во Белград. Покрај Русија, од истата група пласман понатаму обезбеди и Казакстан.
Русите во денешниот натпревар одигра 2-2 (1-1) со соодветната селекција на Хрватска и до самиот крај стравуваа за пласманот во понатамошните борби на европскиот шампионат. Хрватите водеа со 2-1 и им требаше победа од два разлика за да го исфрлат фаворитот на ова првенство и тие да се пласираат во четвртфиналето. Меѓутоа сите дилеми на денешниот меч ги разреши Переврзев, кој на две минути до крајот на натпреварот ги постави конечните 2-2.
Во тек е мечот помеѓу Чешка и Италија, по кој ќе бидат познати сите четвртфинални двојки.