Француските футсалци подобри и во вториот тест во Скопје

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби со 3-0 од селекцијата на Франција до 23 години во вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции. Во спортскиот центар „Борис Трајковски" противникот сосема заслужно успеа да оствари нова победа над нашите фудбалери. 

Првиот дуел одигран помеѓу овие две селекции заврши со 5-3 во корист на Франција.

Првиот погодок на средбата го постигна Нама Траоре во 18. минута. Во 24. минута нов погодок во нашата мрежа. Мелание Анатоле погоди за предност на Франција од 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Бетгха Хаус во 32. минута од натпреварот.