Француската футсал селекција двапати ќе спарингува со момците на Божовиќ

Футсал репрезентацијата на Македонија, денес со почеток од 20.00 часот ќе го одигра првиот од двата предвидени контролни натпреваери против селекцијата на Франција. Селекторот Иван Божовиќ наспроти овие две контролни средби го објави списокот на фудбалери:

Голман:

Антонио Петровски (КМФ Велес), Влатко Петровски (КМФ Велес)

Одбрана:

Зоран Левески (КМФ Велес), Ферид Агуши (КМФ Велес), Трајче Трајков (КМФ Велес)

Напад:

Даниел Де Соуза (Мостар БГ), Игор Леовски (КМФ Велес), Мартин Тодоровски (КМФ Велес, Драган Петровиќ (КМФ Велес), Дарко Ранготов (КМФ Велес), Таулант Исмаили (КМФ Велес), Адријан Мицевски (Скваре Дубровник), Садат Зибери (Динамо Загреб), Александар Глигоров (КМФ Велес), Иван Крстевски

Првиот денешен натпревар против Франција, нашата футсал селекција ќе го одигра во СЦ „Борис Трајковски" со почеток од 20.00 часот, додека вториот дуел е закажан за два дена подоцна, во спортската сала во Велес.