Формиран нов амбициозен футсал клуб од Скопје

Деновиве, основан е нов амбициозен футсал клуб, под името Арбен Бајрами„ од Скопје. Целта на клубот е давање можност повеќе простор за младите да ги покажат своите вештини и да се забавуваат со футсалот.

Во овој спортски и едукативен проект, младите ќе можат професионално да играат футсал. Клубот ќе почне со натпреварување во Втората лига, а ќе се обиде да го достигне својот максимум во малиот фудбал.

Целта му е да собере таленти и да се развива футсалот, а подоцна цел ќе биде да игра во Лигата на шампиони во Европа. Иницијативата за овој проект потекна од: Шабан Асани, Ерол Далип и Бејазит Брахими.