• Иван Димовски
Шампионот на Македонија во футсал Форца го загуби првиот меч од втората групна фаза во Лигата на шампионите. На турнир во Белград македонскиот претставник загуби од летонска Рига со убедливи 5-1.
Парираше Форца во првиот дел од средбата, но ривалот поведе преку Сержињо. На полувреме резултатот беше 1-0, а потоа Рига успеа да направи поубедлива предност. На стартот на продолжението погодија Страздинс и Аиросо, па потоа Берито од Форца намали на 3-1.
Сепак, до крајот Варгас и Страздинс ја потврдина победата на Рига над македонскиот првак.
Веќе утре Форца ја очекува вториот меч во оваа фаза, а тоа ќе биде против домаќинот Бањица на турнирот во Белград.