• Зоран Мишевски
Одличен старт во Европа за шампионот на Македонија и доминантниот клуб во македонскиот фитсал - кумановска Форца.
Македонскиот претставник во квалификации од Лигата на шампионите го совлада Блу Меџик од Ирска со 4-2.
Ирците преку Лукас во петтата минута дојдоа во водство, но Исмаили израмни во 17 минута. Ирците пак поведоа, но Дандан донесе прво водство за Форца. Победата ја потврди Петровиќ со погодок за 4-2. Натпреварот се играше во малата сала „Јане Сандански“ во Скопје.
Екипата на Форца утре против првакот на Андора, Ренџерс го игра вториот натпревар од оваа група и фаворит е за нова победа.