• Зоран Мишевски
Футсал екипата на Форца ја запиша и втората победа во квалификациите од Лигата на шампионите во Скопје. Кумановчани вечерва го надиграа Ренџерс од Андора со 9-3 (4-2), во натпреварот од малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Левески постигна три гола, а Исмаили погоди еднаш до одморот за 4-2 на полувреме.
Исмаили со уште два гола и Исаки со еден погодок ја потврдија победата до крајот.
Форца и Титоград утре ќе одлучат во меѓусебниот дуел кој ќе биде победник во групата и ќе се пласира во следната рунда.