• Зоран Мишевски
Голем успех за македонскиот футсал и генералното за нашето спортско движење.
Македонскиот шампион Форца стигна до историски успех откако со триумф од 8-2 во вториот реванш натпревар од прелимининарните квалификации славеше против Титоград. Три гола постигна Исмаили, Дандан беше автор на два, а по еден погодок постигнаа Петровиќ и Бери. Автогол си даде Црногорецот Делиќ.
Со оваа радост македонскиот тим забележа три победи во три меча и се пласира во елиминациската фаза во Лигата на шампионите.
Со оглед на тоа што првпат се натпреварува во Европа, тимот на Форца испиша историја за кумоновскиот клуб и за македонскиот футсал.