Форца ги дозна ривалите за првата фаза од ЛШ, турнирот ќе се одржи во Скопје

Македонскиот футсал шампион Форца ги дозна противниците во првата фаза од новата сезона во Лигата на шампионите. 

На денешната ждрепка за прелиминарните кола во елитата, Форца се најде во групата А, а нејзини противници ќе бидат екипите на Титоград од Црна Гора, Даблин од Ирска и Ренџерс од Малта. Натпреварите од ова претквалификација ќе се одржуваат од 20 до 25 август во Скопје.

Во главната фаза од сезоната во Лигата на шампионите ќе се пласира само екипата која што ќе заврши на првата позиција на табелата.