• Горан Упале
Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по извојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на финалниот натпревар одигран во спортскиот центар „Гемиџии“ во Велес.
Екипата на Форца 2015 во еден интересен натпревар успеа да слави победа со вкупен резултат од 6-2. Зоран Левски го постигна првиот гол на средбата за предност на Форца 2015 од 1-0. Екипата на Клими брзо се врати во игра и преку Мартин Никовиќ успеа да го израмни резултатот.
Во продолжението Форца ја наметна својата игра и успеа да постигне пет гола за убедлива и сигурна предност. Стрелци на головите беа Харис Омеровиќ, Зоран Левески, Берат Рамадани, додека Иван Крстевски стрелаше два пати.
Голот за намалување на предноста и поставување на конечните 6-2 го постигна Димче Андов.