Финалето на Купот на Македонија во футсал на 29 мај во Битола

Финалето на Купот на Македонија во футсал оваа сезона ќе се одржи во спортската сала „Младост“ во Битола на 29 мај во 19.00 часот.

ФФМ одлучи токму во Битола да се одигра мечот помеѓу фаворитот и бранител на трофејот Железарец и предизвикувачот екипата на Јувентус Серава.

Секој друг резултат освен титула за Железарец ќе биде прворазредно изненадување.