ФФМ го одреди календарот за Првата футсал лига

Фудбалската федерација на Македонија ја одржа ждрепката и го одреди календарот за новата сезона во Првата футсал лига. 

Десетте прволигаши ќе се натпреваруваат во осумнаесет кола за титулата првак на Македонија. Стартот на сезоната е на петти октомври, додека последните натпревари ќе се одиграат на 13 април.

Тронот во мак-футсалот ќе го брани екипата на Форца. Тимот од Слупчане беше доминантен во минатата сезона, а ја претставува и Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.

  • Целосниот распоред за футсал првенството: