Фаворитите според планот во Купот на Македонија во футсал

Комплетирани се осминафиналните натпревари од футсал Купот на Македонија, а фаворитите на хартија немаа потешка задача да се пласираат меѓу најдобрите осум.

Шкупи како домаќин убедливо славеше над Овче Поле (14-2), додека некогашниот првак Железарец беше сигурен кај Лозар во Демир Капија (2-8).

Слично беше и во Кавадарци, каде Клими го надигра Биџо (7-2), но на вториот натпревар во градот беше највозбудливо, затоа што Црна Река дури по пенали го елиминира новоформираниот тим Арбен Бајрами (8-7, 5-5 регуларен дел). Возбудливо беше и во Кратово каде домаќинот минимално славеше над Јувентус Серава.

  • Осминафинале, Куп на Македонија:

Лозар - Железарец 2-8
Кеги-Моби - Мал Ајакс 6-1
Проект Цико - Астибо 1-0
Клими Кавадарци - Биџо 7-2
Карадаку - Велес 10-4
Црна Река - Арбен Бајрами 8-7 по пенали (5-5)
Кратово - Јувентус Серава 8-7
Шкупи - Овче Поле 14-2

Четвртфиналните парови ќе бидат одредени на дополнителна ждрепка.