• Сашо Поповски
„Кралот“ на футсалот, Бразилецот Фалкао е познат по своите трикови и маестрални потези на терените. Но, на дуелот против Аргентина, бразилскиот футсал магионичар овој пат тој беше оној, кој беше изигран. Еден од противниците му „продаде“ еден од неговите најпопуларни трикови - ЛАМБРЕТА.
Сепак, она што се брои во футсалот се головите, а на крај Бразил ги имаше повеќе, победувајќи со 2-1. Двата гола за бразилската репрезентација ги постигна токму Фалкао.