• Сашо Поповски
![Египет футсал](https://cdn.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/articles/2016/09/23/48323-egipet-futsal.jpg?itok=rvrTgn-K)
Абделрахман Елашвал постигна хет-трик, вклучувајќи го и победничкиот во продолжението, за Египет да ја победи Италија (4-3) во осминафиналето на СП во футсал во Колумбија.
Во текот на целиот меч се играше изедначено, а египетските репрезентативци ги имаа шансите на своја страна. Регуларниот дел заврши со резултат 3-3, па победникот се решаваше по продолжение. Најпрво Италијанците имаа шанса да поведат, но ударот на Фортино заврши во стативата, за неколку моменти подоцна Елашвал да излезе еден на еден со голманот на Италија и со прекрасна завршница да му донесе четвртфинале на својата репрезентација.
ИТАЛИЈА - ЕГИПЕТ 3-4:
Во останатите два осминафинални меча, Азербејџан славеше по продолжението против Тајланд (13-8), а Аргентина минимално славеше над Украина (1-0).
АЗЕРБЕЈЏАН - ТАЈЛАНД 13-8:
АРГЕНТИНА - УКРАИНА 1-0: