• Сашо Поповски

Моментално никој на светот не може да се спореди со мајсториите на Рикардињо, кој неколку сезони наназад го има приматот најдобар футсал играч. Пред него таа титула му припаѓаше на Бразилецот Фалкао, кого го сметаат за апсолутен „крал“.
Сега пензионираниот бразилски феномен ужива кога ќе наиде на некој трик во негов стил, а последниот толку го одушеви, што го натера да го сподели на својот Инстаграм профил.
Се работи за неговиот сонародник Бето, кој има позадина во шпанското првенство, а моментално настапува во белоруската прва лига. И како што може да се погледне на видеото кое следува, си поигрува со истата.