ВИДЕО: Дебакл на футсалците, загубија со 9-0 од светскиот првак

Ако вчера демонстрираше силен отпор и минимално загуби од светскиот првак Португалија, на денешниот втор пријателски натпревар против истиот противник македонската футсал репрезентација убедливо загуби. 

Португалија ја совлада нашата репрезентација со 9-0, со шест гола во првото и три во второто полувреме.

Португалците уште еднаш покажаа зошто се светски прваци и ја „фрлија ракавицата“ како еден од фаворитите за титулата на Европското првенство што ќе почне в недела.