Брилијантен Рикардињо за убедлива победа на Португалија

Рикардињо потсети дека е еден од најдобрите во својата професија. Со првиот хет-трик на Европското првенство во футсал, Португалецот ја однесе својата репрезентација во четвртфиналето, елиминирајќи ја Словенија (6-2).

Словенците одлично започнаа, поведувајќи со 1-0, но тоа кратко траеше. Рикардињо со два брзи гола, го врати водството на својата репрезентација, кое не го испушти до крајот на натпреварот. Словенија имаше свои моменти и во вториот дел, но сепак, пресилен беше португалскиот ас, кој постигна хет-трик, а воедно го постигна и 100. гол за својата репрезентација. 

Заедно со Португалија, во четвртфиналето продолжи и домаќинот на првенството, Србија.