Бразилецот Дани го напушти Железарец и потпиша за Мостар СГ од БиХ

Еден од најдобрите играчи на актуелниот македонски футсал шампион Железарец, Даниел де Соуза или скратено Дани по само една година престој го напушти клубот откако потпиша за вицепрвакот на БиХ, екипата на Мостар СГ.

Со ова само продолжува егзодусот на играчи од клубот по напуштањето на првиот човек и спонзор изминатите години Васко Скендеровски кој го презеде тимот на КМФ Велес. Токму во велешкиот клуб заминаа најголем дел од фудбалерите на Железарец, а меѓу нив требаше да биде и Дани кој сепак се реши да ја прифати понудата на екипата од Мостар.

Дани на европско тло покрај за Железарец има настапувано и за српски Економац, Фреихиеро (Португалија) Ибериа Тбилиси (Грузија) Никарис (Латвија), како и за бразилски Кабо Фрио, а во меѓувреме го облече и дресот на македонската футсал репрезентација.