• Мартин Танасковски
Иван Божовиќ, селекторот на македонската футсал репрезентација даде свој коментар на турнирот „Скопје 2016“ и направи анализа на натпреварите против Португалија и Босна и Херцеговина.
Нашите футсалци не ги загубија двата меча, затоа што завршија со идентичен резултат - 2-2. Против Босанците „црвено-жолтите“ беа на прагот на победата, но ја испуштија на три секунди пред крајот, додека против Португалците кобни беа последните десет минути, во кои одлучи искуството.
„Одигравме добри натпревари и направивме во принцип она што сакавме. Основна беше проверката, да видиме нашите футсалци до каде се и на што сметаме за наредниот период, посебно на квалификациите за ЕП кои се играат во Казахстан. Играчите го оставија срцето на терен, резултатите се добри за нас. Против БиХ немавме среќа затоа што примивме гол во последната секунда, додека против Португалија одлучи индивидуалниот квалитет, па и можеби недовербата во себе, затоа што не искористивме седум-осум шанси. Задоволни сме од резуталтите, посебно од оној со Португалија, но сепак, постои мала жал затоа што немаме победа. Но, можеби е подобро и така, за играчите да сфатат дека треба уште да се работи за за да се биде на ниво на најдобрите“, изјави Божовиќ.
Македонија во квалификациите за ЕП 2018 се наоѓа во групата 6, заедно со Казахстан, Чешка и еден претквалификант кој дополнително ќе биде утврден.