Божовиќ: Овие играчи покажаа дека заслужуваат многу повеќе

Футсал-Божовиќ-Железарец

Железарец освои 6 бода во елитната рунда на УЕФА Футсал Купот, што секако голем успех на нашиот шампион, а тренерот Иван Божовиќ не го криеше задоволството.

„Среќен сум за овие две победи и освоените шест бодови, сакам да им честитам на сите играчи на борбената и дисциплинирана игра и да бидам искрен верував дека можеме да дојдеме до третото или четвртото, но сепак според игрите кои ги покажавме апсолутно заслужено освоивме 6 бода и сме втори во групата, а според освоените бодови сме меѓу 5-8 место оваа сезона во УЕФА Футсал купот. Овие момци покажаа дека доколку сменат некои работи во глава и дадат максимум можат да направат многу, а токму тоа го направија овде во Пескара. Да се стигне од пред квалификации до елитна рунда и да се освојат шест бодови не успеало на ниту една екипа, а еве тоа го направи Железарец. Би сакал да напоменам дека оваа екипа, овие играчи според резултатот кој го постигнаа заслужуваат многу поголемо внимание од медиумите и публицитет затоа што ова е голем резултат за клубот и за Македонскиот футсал, едноставно треба многу повеќе да се верува во овие момчиња кои одиграа многу храбро и мотивирано на сите средби, посебно на оваа последната. Нам ретко ни се случува да не примиме гол, па дури и во домашното првенство, но сега беа многу сконцентрирани во текот на целиот натпревар“ истакна тренерот на Железарец, Иван Божовиќ.