Божовиќ најави оставка, македонскиот футсал ќе добие нов селектор

По неуспешните квалификации за Светското првенство во футсал и трите порази во три натпревари, селекторот на нашата футсал репрезентација Иван Божовиќ најави дека ќе се повлече од кормилото на нашата футсал селекција. 

„Не гледам како би можел да помогнам во футсал репрезентацијата на Македонија и одлучив да се повлечам од селекторското место. Тоа веќе му го соопштив на директорор на репрезентацијата Васко Скендеровски“, рече Божовиќ.

Македонската футсал репрезентација наскоро ја очекуваат натпревари во квалификациите за Европското првенство и итно треба да биде назначен новиот селектор.