Божовиќ го објави списокот за претквалификацискиот турнир во Скопје

Најдобрата македонската футсал репрезентација во Скопје ќе биде домаќин на претквалификацискиот турнир за Светското првенство 2020 година. Во групата со нашиот национален тим се уште Словенија, Косово и Украина.

Селекторот Иван Божовиќ ги одреди играчите на кои ќе смета за претстојните натпревари:

Голмани: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Велес), Шефки Бериша (Шкупи);

Одбрана: Зоран Левески (Шкупи), Ферид Агуши (Шкупи);

Напад: Иван Крстевски (Врање, Србија), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Даниел Де Соуса (Мостар, БиХ), Садат Зибери (Италпол, Италија), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Драган Петровиќ (Шкупи), Адријан Мицевски (Сквер Дубровник, Хрватска), Џо Арсовски (АБНА Чека, Либан), Сулејман Реџеп (Шкупи), Александар Глигоров (Шкупи), Исмет Чека (Шкупи), Еркан Сефери (Шкупи)

Против Словенците ќе играме на 24 октомври, ден подоцна ќе се соочиме со Косово, а на 27 октомври ќе се судриме со украинската репрезентација.