• Александар Ковачев
Футсал репрезентацијата на Македонија во дебито на новиот селектор Иван Божовиќ издвојува победа на гостински терени во Зеница против соодветната селекција на БиХ со 3-2 (1-1).
Во првите 20 минути и двете селекции постигнаа по еден погодок. Први во водство од 1-0 дојдоа Босанците со голот на Јушиќ во 14. минута, а само две минути подоцна на 1-1 израмни Дарко Ранготов со гол од слободен удар. Во продолжение нашата селекција најпрво во 21. минута поведе со 2-1, а со голот на Петровиќ две минути подоцна веќе имаше убедливи 1-3. До крајот Босанците се обидуваа да не стигнат резултатски, но се што успеаа е само да намалат на 2-3 со голот на Мулаомеровиќ во последната минута.
Следниот натпревар на програмата помеѓу двете репрезентации е в петок повторно во Босна.