• Сашо Поповски
Првата футсал ѕвезда во светот, Португалецот Рикардињо направи споредба помеѓу двата најдобри фудбалери, Кристијано Роналдо и лидерот на Барселона, Лионел Меси.
„Мене ме викаат Меси на футсалот, но мислам дека повеќе сум како Кристијано. Уште од мали нозе ми велеа дека нема да можам да играм поради мојата висина, па поминав многу тешко детство. Морав да ја напуштам мојата фамилија за да успеам. Јас сум „работник“ како Роналдо. Меѓутоа мене ме споредуваат со Меси, не знам можеби поради мојата висина. Ја имам работната етика на Кристијано и за него најмногу навивам, но моментално мислам дека најдобар е Меси“ , вели Рикардињо.
Пред неколку дена тој заедно со тимот на Интер Мувистар стана европски првак со победата над Спортинг од Лисабон (7-0).