• Зоран Мишевски
Во пресрет на новата футсал сезона, велешкиот прволигаш екипата на КМФ Кеги Моби полека го пополнува составот со кој ќесе натпреварува во Првата македонска футсал лига.
Велешкиот футсал клуб го потврди 23-годишниот Бобан Дукадиновски како прво засилување за новата сезона. Дукадиновски досега настапуваше за младите категории на Борец и неколку години професионален фудбал во третолигашот Превалец. Ова ќе му биде прва сезона во футсал светот.
„Своето искуство од голем фудбал и активен на големите терени сака да го покаже и на малите терени во системот 4+1 каде годинава за првпат преку КМФ Кеги Моби ќе дојде на сцената на Првата македонска футсал лига“, велат од клубот.
Христијан Ристовски и оваа година ќе биде дел од екипата на Кеги Моби. Тој поради повреда пропушти голем дел од натпреварите во минатата сезона, но сега е целосно подготвен со многу мотив за игра.