Блесок на „железарците“: Победен првакот на Казахстан во прекрасен меч

Футсал-Железарец

Македонскиот футсал шампион Железарец дојде до првите бодови во елитната рунда откако го победи треторангираниот тим во Европа од минатата сезона, Тулпар од Казaхстан со 6-4 во еден многу интересен натпревар со неколку пресврти. 

За македонскиот првак погодија Даниел, Кнауб (автогол), Глигоров (два гола), Мицевски и Леовски. Утре е слободен ден, а в сабота од 17.30 часот Железарец ќе игра против шампионот на Белгија, Хале Гоик.