• Мартин Танасковски
Додека Франција се подготвува за Светското првенство (СП) во Русија, Карим Бензема кој е изоставен од Дидие Дешамп се релаксира со футсал.
И тоа игра импресивно. Напаѓачот на Реал Мадрид играше во дресот на Ал Рудан, на футсал-турнир во Кувајт и ги одушеви присутните. Даде и неколку атрактивни голови со кои изнуди аплаузи.
Навивачите бурно го поздравија четирикратниот освојувач на ЛШ кој на терен наликуваше како да е еден од најдобрите футсал-играчи во историјата, Рикардињо...