ВИДЕО: Барселона по шест години повторно е европски првак во футсал

Футсал екипата на Барселона се закити со нова титула во УЕФА Лигата на шампионите, откако во финалето го совлада ЕлПоцо од Мурсија со 2-1. 

Каталонската екипа уште пред полувремето водеше со 2-0 со головите на Диего и Аикардо и најави дека е дојдена по трофејот во натпреварувањето. По стартот на вториот, Лео Сантана намали на 2-1, резултат кој подоцна се испостави како конечен. 

  • Извештај од натпреварот:

Барселона во полуфиналето го совлада тимот на ЦПРФ со 4-3, додека ЕлПоцо се радуваше против Тиумен со 2-1. Во мечот за третото место ЦПРФ со 3-2 го освои бронзениот медал од Лигата на шампионоте. 

Инаку, за Барселона ова е трета титула европски првак, прва по пауза од шест години со што е втор најтрофеен тим. На челната позиција се наоѓа Интер Мовистар од Шпанија со пет титули.