Азар Наксиван и два квалификанти ќе бидат противниците на Железарец во УЕФА Купот

На денешната ждрепка која се одржа во седиштето на УЕФА во Нион македонскиот футсал шампион Железарец ги доби своите противници за новата сезона во футсал Купот. Поради одличниот настап во минатата сезона нашиот шампион доби директно место во групната фаза.

Железарец ќе се натпреварува во групата 2, а во неа ќе играат и шампионот на Азербејџан, Азар Наксиван, како и двата победници од Х и Ф групата од претквалификациите. 

Во Х групата ќе се сретнат екипите на Оксфорд, Енкамп, АСА Тел Авив и Феникс, додека за првото место од Ф групата ќе се борат Тбисили, Валета, Ватчели и Сиеви.