Аргентина ја декласира Португалија и ќе игра финале на футсал Мундијалот

Аргентинската футсал репрезентација ќе биде противник на Русија во финалето на Светското првенство во футсал. Во одлично второ полуфинале, ноќва „гаучосите“ го совладаа португалскиот состав, предводен од Рикардињо со 5-2 (4-1).

Феноменален беше почетокот на мечот и по 11 минути веќе Аргентина имаше 4-1 со головите на Боруто, Стацоне, Вапораки и Бранди, а Ре погоди за Португалија.

Во продолжението од натпреварот се играше тактички и малку подзатворено. Куцолини во 36. минута ги разреши дилемите за финалистот со гол за 5-1, а финалниот резултат го постави Тиаго Брито во 37. минута (5-2).