Арбен Бајрами првпат го освои Купот на Македонија во футсал

Македонија доби нов име во историската книга на победници на Купот во футсал. Тимот Арбен Бајрами е победник во Купот на Македонија за сезоната 2021/22, откако во финалето го совладаа тимот на Карадаку со 5-1.

Победата за Арбен Бајрами ја обезбеди Сулејману, Рамадани, Јакупи и Јахај кој беше стрелец на два гола. Единствениот гол за Карадаку го постигна Исени. Сулејмани Реџеп го отвори резултатот и донесе предност за Арбен Бајрами на финалната средба во седмата минута. Фудбалерите на Карадаку брзо го возвратија ударот и во 9. минута преку Исени Егзон израмнија на 1-1. До крајот на средбата Арбен Бајрами одигра подобар меч, беше подобар противник и успеа да постигне уште четири погодоци во мрежата на противникот.

Во 20. минута, Рамадани Берат постигнува гол за ново водство на Арбен Бајрами. Бејтула Јакупи во 44. минута ја зголемува предноста на својот тим. Јахја Абдил Кадир со два погодоци во 26 и 35 минута ги поставува конечните 5-1.

Завршниот дуел се одигра во салата во Автокоманда во Скопје.

Финалните натпревари од Купот на Македонија во младинските категории се предвидени во месец мај, а сениорското Куп-финале ќе се одигра на 20 мај на Арената „Тодор Проески“.