Арбен Бајрами и Кардаку во клинч за деби футсал-титула во Купот

Футсал тимовите на Арбен Бајрами и Карадаку утре (петок) во спортската сала Автокоманда во Скопје ќе ги одмерат силите во финалето од футсал Купот на Македонија.

Двете екипи ќе се борат за својот прв трофеј во натпреварувањето. Шкупи е последниот освојувач на пехарот во Купот на Македонија во футсал. 

На патот до финалето, КМФ Арбен Бајрами во осминафиналето забележа победа од 3-2 против КМФ Астибо, во следното коло со убедливи 8-2 славеа против КМФ Железарец, додека во полуфиналето беа подобри од актуелниот првак, Шкупи со 9-8. 

Карадаку во осминафиналниот меч го победи Црешово топче со 7-3, а славеше со 7-2 против Велес со дуелот од четврфиналето. Убедлива победа остварија во дуелот против Шкендија, 9-4 во рамки на полуфиналето.

Финалето во Купот на Македонија во футсал е закажано со почеток од 21:00 часот.