• Зоран Мишевски
Бранителот на титулата европски првак во футсал, Италија со победа дебитираше во обидот да ја одбрани титулата. „Азурите“ во Белград убедливо ја совладаа селекцијата на Азербејџан со 3-0 (3-0).
Главна звезда на мечот беше Алекс Мерлим со два гола во 18. и 20. минута, а финалните 3-0 ги постави Џаисон во 28. минута.
Италија има многу силен состав, но во очите на македонската јавност загуби многу симпатии по поразот од Словачка во квалификациите на СП во Колумбија. Заради тој пораз Македонија нема да настапи на баражот подоцна оваа година.