Адријан Мицевски ја напушти Омонија и се врати во Сквер од Хрватска

Еден од најдобрите македонски футсал играчи, Адријан Мицевски по две години повторно се врати во МНК Сквер од Хрватска, откако се реши да го напушти Кипар, каде што настапуваше за Омонија и потпиша за клубот од Дубровник.

Мицевски лани од редовите на нашиот шампион КМФ Железарец премина во Кипар, каде што со 18 гола беше прв стрелец во изминатата сезона за Омонија. Како што е познато тој заедно со Дарко Ранготов пред две сезони го носеа мошне успешно дресот на Сквер во силната футсал лига на Хрватска, која прераснува во една од подобрите во Европа.

До заминувањето за Хрватска, Мицевски ќе тренира со КМФ Велес, со кој денес замина на турнир во Романија во пресрет на стартот на подготовките на репрезентацијата за двомечот со Франција на 29 и 31 август.