Абрамов и Едер Лима ја однесоа Русија во полуфиналето

Репрезентацијата на Русија ќе биде противникот на Србија во првото полуфинале на Европското првенство во футсал. Русија го победи Азербејџан со 6-2 (2-1) и закажа полуфинален натпревар со домаќинот.

Првите 20 минути донесоа изедначена игра, што покажува и самиот резултат. Русите поведоа во 7. минута со голот на Абрамов. Противникот не потклекна и возврати уште во наредната минута, израмнувајќи на 1-1 со голот на Аугусто. Руските репрезентативци доминираа во поседот на топка, што го крунисаа со прекрасната акција во 15. минута, кога Ромуло со глава им донесе предност од 2-1.

Во вториот дел, избраниците на Сергеј Скорович продолжија во исто темпо, за на крај, со уште еден гол на Абрамов и два на Едер Лима, да забележат рутинска победа од 6-2. 

Во последниот четвртфинален дуел, кој се игра во 21.00 часот, играат бранителот на титулата, Италија и репрезентацијата на Казахстан.