ВИДЕО: 39-годишниот Фалкао постигна хет-трик и направи вистинско шоу против Австралија

Фалкао

Репрезентацијата на Бразил ја победи Австралија со 11-1 на Светското првенство во футсал, кое се одржува во Колумбија. Одново прва ѕвезда на „кариоките“ беше 39-годишниот Фалкао, кој со три гола уште еднаш потврди дека е најголемиот на сите времиња. 

Бразилецот беше блиску да го собори рекордот на постигнати голови на Светските првенства, кој стои зад името на Маноел Тобијас. Сега Фалкао има вкупно 42 и заостанува само еден гол, кој ќе може да го постигне веќе во следниот натпревар против репрезентацијата на Мозамбик.