Денес во Нион беше извршена ждрепката за главната рунда од квалификациите за Светското првенство во футсал во 2028 година. Македонската футсал репрезентација се најде во група со фаворитот Шпанија и селекцијата на Финска.
Ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ имаа специјални гости во Бања Лука. Во нивната база ги посетија македонските фудбалски репрезентативци и членови на Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, кои дојдоа да им дадат поддршка и да ги охрабрат пред следните предизвици.
Државниот првак во футсал меѓу средношколците, средното училиште СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во футсал, кое од 10 до 26 мај се одржува во Бања Лука.
Екипата на КМФ Проект од Јосифово ја освои двојната круна во годинешната сезона во футсал. По победата во финалето од Купот на Македонија, КМФ Проект славеше и во првенството.
Утре, 29 април, со почеток од 20:30 часот, во Спортскиот центар „26 Април“ во Гевгелија ќе се одигра финалето од Купот на Македонија во футсал, каде за трофејот ќе се борат КМФ Кеги Моби од Велес и КМФ Проект од Валандово.
Футсал репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство, откако со максимален учинок го заврши предквалификацискиот турнир во Литванија.
По триумфот од 6-3 во дуелот против Турција, футсал репрезентацијата на Македонија обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство. Македонските репрезентативци одлично го отворија натпреварот и на половина од првото полувреме имаа предност од 3-0.
Футсал репрезентацијата на Македонија по мини подготовките во Скопје, утре патува за Литванија каде од деветти до 12 април ќе биде дел од првиот круг на квалификации за пласман на Светското првенство.
Футсал репрезентацијата на Македонија од денес ги почнува подготовките за учество во првата фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство. Предводникот на националниот тим Газменд Хисејини на мини подготовките пред заминувањето за Литванија на располагање ќе има 15 играчи, а на списокот се наоѓаат:
Викендов беа одиграни натпреварите од 13. коло на најсилната македонска футсал лига. Непоразениот лидер Проект со 7-2 го совлада Мал Ајакс од Штип. Во меч со 25 гола екипата на Шкупи со 15-10 славеше над Јувентус Серава и направи голем исчекор кон опстанокот во елитата.
Футсал репрезентацијата на Македонија забележа победа и во второто соочување со селекцијата на Австрија, овој пат избраниците на селекторот Газменд Хисејини славеа со 4-2.
Македонската футсал репрезентација со победа ги отвори контролните натпревари против селекцијата на Австрија што се играат во салата „26 Април“ во Гевгелија.