Тажна вест доаѓа од англискиот фудбал, откако на 35 годишна возраст почина поранешната голманка на Арсенал и Челси, Ејми Кар. Таа ја загуби долгогодишната битка со тумор на мозокот. Кар во текот на кариерата настапуваше и за Ридинг, а беше дел и од младинските репрезентации на Англија, за кои забележа 16 настапи.