Натпреварот меѓу Евертон и Челзи е всушност средба на клубови со контрастни амбиции. Долгорочните намери на Челзи се што подолго да биде во игра за титулата, иако сега е пореално да се бори за место во најдобрите четири екипи во Англија, додека Евертон, откако потроши стотици милиони евра за практично ништо, сега е во ситуација да види како да опстане во премиерлигашкото општество и секоја позиција над зоната за испаѓање ќе биде добра за „карамелите“.