Тренерот на ФК Вардар, Бобан Грнчаров во краток разговор со Gol.mk се осврна на актуелната ситуација и иднината на тимот, само два дена по промоцијата во Првата лига. Вардар успеа да се врати во елитниот македонски фудбал после две сезони минати во ВМФЛ, а тоа го направи на најдобар можен начин, со убедлива победа над Скопје со 3-0.