Интер важи за аутсајдер во решавачката пресметка за пехарот во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, но затоа е апсолутен фаворит во финалето на домашниот Куп на Италија. Точно, Фиорентина може да се пофали и дека освен за овој трофеј ќе се бори и за европски, оној во Конференциската лига (ривал ќе им биде Вест Хем). Но, момците на Симоне Инзаги не само што моментално се во најдобра форма на „чизмата“, туку малкумина на континентот можат да се натпреваруваат со нив во тој поглед, а тој впечаток не го расипа ниту неделниот пораз во Неапол.