• Меси прецизен за водство на Барселона

    По 45 минути игра тимот на Барселона има водство од 1-0 против Ривер Плата, во финалето на Светското клупско првенство, кое се одржува во Јапонија. Автор на водечкиот гол е повратникот во тимот, Лионел Меси, кој „стрелаше“ прецизно, по асистенција на Нејмар во 36. минута од мечот. Ова е дури шести гол на мундијалот за клубови во своето трето учество со Аргентинецот од Розарио.

  • Баерн: Гвардиола си оди, доаѓа Анчелоти

    Пеп Гвардиола, тренерот на Баерн Минхен ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната. Деновиве се шпекулираше дека шпанскиот стратег ќе ги напушти редовите на германскиот шампион, и него ќе го замени Карло Анчелоти, а тоа го потврди Карл-Хајнц Румениге, директорот на Баерн. 

  • Бошко Ѓуровски повторно на клупата на Сервет

    Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, го презема тренерското столче на екипата на Сервет. 

  • Марсиал e најдобар млад фудбалер во Европа

    Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиал, е добитник на наградата „Златно момче“, за најдобар млад фудбалер во Европа за 2015 година. Марсиал ја доби оваа награда пред Кингсли Коман од Баерн Минхен и одбранбениот играч на Арсенал, Хектор Белерин.

  • Мурињо за прв пат пред јавноста по отказот од Челзи

    Жозе Мурињо беше најспоменуваното име во последните 24 часа. Откако го напушти лондонскиот тим, никој не знаеше како Португалецот ја поднесе целата сага. Денес, за прв пат Мурињо беше забележан на натпреварот Брајтон - Мидлзброу. На клупата на Мидлзбороу веќе втора сезона седи бившиот помошник на Мурињо од периодот минат во Реал Мадрид, Аитор Каранка.

  • Хидинг потпиша и со Дрогба го „скенираше“ новиот Челзи

    Неполн час пред мечот од Премиер лигата помеѓу Челзи и Сандерленд, кој од клупата го водеше довчерашниот помошник на Мурињо, Стив Холанд, стигна потврда за ангажманот на Гус Хидинк. Холанѓанецот вчера пристигна во Лондон, потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување ако има взаемна согласност, и ја даде првата изјава како тренер на Челзи во својот втор мандат.

  • Газдите на Филаделфија го купија Кристал Палас

    Премиерлигашот Кристал Палас од синоќа има нови сопственици. Мнозинскиот пакет на акции е продаден и од сега е под контрола на американските бизнисмени Дејвид Блицер и Џош Харис, кои од поодамна го имаат под своја „капа“ кошаркарскиот тим на Филаделфија, а имаат и голем пакет акции и во НХЛ клубот Њу Џерси. 

  • Застрелан тренерот на Будуќност пред својот дом

    Синоќа околу 20.00 часот во населбата Забјело во Подгорица бил застрелан тренерот на Будуќност, Миодраг Вукотиќ. Во него било пукано пред зградата каде живее, а по пренесувањето во Ургентниот центар првите подетални информации се дека тренерот е надвор од животна опасност.

  • На Дел Неро не му гине затвор: Потрошил 1,5 милион долари само за забава

    Марко Поло Дел Неро, претседателот на бразилската фудбалска конфедерација, е обвинет за корупцискиот скандал во ФИФА. Тој потрошил 1,5 милиони долари за забава пред 20 месеци. Американскиот ЕСПН објавува дека Дел Неро нема документи за трошоците на пари од касата на федерацијата.   На 3 декември, Дел Неро беше обвинет од обвинителството на САД за мито и поткуп, за засилена продажба на медиумските и маркетинг правата за фудбалски турнири и големи натпревари.   Хозе Марија Марин, кого Дел Неро го наследи, е в затвор за слични неовластени подмитувања во рамките на истрагата од обвинителствата во САД и Швајцарија. Во овој процес издадени се 41 обвиненија, и сеуште не се гледа крајот.  

  • По Аршавин, нов Русин доаѓа во Арсенал?

    Арсен Венгер не се откажал од идејата да го купи Александар Кокорин од Динамо Москва. Со месеци се зборува дека овој трансфер ќе се реализира, но до договор уште не дошло. Но простор за нов Русин на „Емирати“ по Андреј Аршавин, сеуште постои. 

  • Франц: Чест и обврска е да се води тим како Работнички

    По заминувањето на Игор Ангеловски, Томислав Франц го презеде кормилото на Работнички. Франц во последните три години му беше асистент на Ангеловски, а веќе седум години е во клубот така да целосно е запознаен со играчите и начинот на функционирање на тимот.

  • Абрамович до играчите: Не сакав да го отпуштам Мурињо

    На денешниот тренинг на екипата на Челзи, присуствуваше Роман Абрамович, кој сакаше да им ја објасни на фудбалерите одлуката за отказот на Мурињо.

  • Фудбалска гол мајсторија на Жеуванио

    Бразилците уште еднаш покажаа дека се врвни мајстори на фудбалската игра. Прекрасниот гол го постигна играчот на Сантос, 23-годишниот Жеуванио. Тој е веќе новиот миленик на навивачите на Сантос, во клубот каде имаат настапувано фудбалските легенди како Пеле, Нејмар, Робињо и многу други.

  • Најдоброто од навивачите на Ривер Плата

    Фанатичното навивање е она што ги краси аргентинските екипи и нивните навивачи.

  • Навивачите на Рома со јајца фрлаа по Џеко и Пјаниќ

    Фудбалерите на Рома, не се надеваа на ваква празнична честитка од своите навивачи. 

  • Официјално: Жозе Мурињо е поголем од „Војна на Звездите“

    Кога вчера беше објавена веста за добиениот отказ за Мурињо од Челзи, според податоците кои ги објавија од Гугл и Твитер, оваа вест била почитана и побарана дури и од онаа за премиерата на најновото продолжение на филмскиот спектакл „Војна на Звездите“, што е апсолутен рекорд.

  • Карлињо Реч со нов договор со Шкендија

    Второпласираната екипа во есенскиот дел од шампионат на Македонија, Шкендија, попладнево на својата официјална веб страница обелодени дека го продолжи договорот со бразилскиот дефанзивец, Карлињо Реч.

  • Баерн со нови договори за четворица свои асови

    Баерн Минхен ја осигура иднината на четири свои првотимци, германските репрезентативци Томас Милер и Жером Боатенг и Шпанците Хави Мартинез и Чаби Алонсо.

  • Еменало: Донесовме одлука со цел да го заштитиме Челзи

    Актуелниот шампион на Англија, тимот на Челзи, вчера соопшти дека го раскина договорот со португалскиот стратег Жозе Мурињо, а најголемата причина за разделбата ја објасни техничкиот директор, Мајкл Еменало, кој во клубот е од 2010 година.

  • Стивен Џерард воодушевен од Јирген Клоп

    Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, искажа огромно воодушевување за позитивното влијание кое Јирген Клоп го направи врз тимот од „Енфилд“ и посакува да имал шанса да игра со германскиот тренер.

Pages