Светското првенство одамна не е само најголемиот фудбалски настан на планетата. Настапот на Мундијалот носи огромна промоција за секоја земја, а тоа најдобро го потврдува дебитантот Курасао, кој веќе бележи значителен туристички раст.
Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, постави нов рекорд на Светските првенства, откако неговите фудбалери досега постигнаа вкупно 19 голови на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
По елиминацијата на Норвешка од Англија на Светското првенство, норвешката авиокомпанија „Norwegian Air“ мораше да го исполни ветувањето и привремено да го промени своето лого на Инстаграм, откако го загуби пријателскиот облог со британскиот превозник „British Airways“.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека е во редовен контакт со претседателот на САД, Доналд Трамп, и изјави дека очекува двајцата заедно да го врачат победничкиот пехар по финалето на Светското првенство.
Француската ѕвезда и лидер на националниот тим, Килијан Мбапе, порача дека пласманот во полуфиналето на Светското првенство не е причина за еуфорија, истакнувајќи дека неговата репрезентација сè уште не ја остварила главната цел.
По елиминацијата од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство, Фудбалската федерација на Португалија му врачи отказ на Роберто Мартинез, а за нов селектор го назначи искусниот Жорж Жезус.
Францускиот судија Клеман Турпан се најде во центарот на вниманието по четвртфиналниот натпревар меѓу Англија и Норвешка, откако неговата одлука при првиот гол на Англичаните предизвика бројни реакции.
Џуд Белингем откри дека советот од неговата мајка му помогнал да избегне жолт картон против Норвешка и да остане во комбинација за полуфиналниот дуел на Англија со Аргентина на Светското првенство.
Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, со саркастичен коментар ја искритикува ФИФА по новата контроверза со технологијата на Светското првенство 2026.
Аргентинскиот фудбал остана без една од своите најголеми легенди, откако на 89-годишна возраст почина поранешниот капитен на репрезентацијата и легендарен фудбалер на Бока Јуниорс, Антонио Ратин.
Хрватските медиуми жестоко реагираат по контроверзната ситуација од четвртфиналето меѓу Англија и Норвешка, обвинувајќи ја ФИФА за двојни аршини при користењето на технологијата во топката. Пред израмнувачкиот гол на Џуд Белингем по исфрлањето од голманот Орјан Ниланд топката се одби од кабел за подвижните камери и така го смени движењето, паѓајќи му в нозете на Елиот Андерсон. Подоцна во акцијата Белингем донесе израмнување.
Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели повторно го привлече вниманието на јавноста со своите изјави. Во интервју за „Спорт Медиасет“ тој зборуваше за најдобрите светски фудбалери, можноста за враќање во Серија А, но и за критиките што го следеа во текот на кариерата.
Фудбалската федерација на Сенегал соопшти дека селекторот на сениорската репрезентација, Пап Тиав, повеќе нема да ја извршува функцијата по елиминацијата на националниот тим во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ се вклучи во дебатата околу контроверзниот израмнувачки гол на Џуд Белингем на натпреварот меѓу Англија и Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство.
Додека се чека големото финале и спуштањето на завесата на Светското првенство, европските фудбалски велесили веќе ги кројат плановите за иднината и за новиот циклус што ќе води кон Европското првенство и Мундијалот во 2030 година.
Шпанската Барселона постигна договор со Борусија Дортмунд за трансферот на германскиот репрезентативец Карим Адејеми. Каталонскиот гигант ќе плати 22 милиони евра, а договорот предвидува и дополнителни седум милиони евра преку бонуси, како и 20 проценти од евентуален евентуален иден трансфер да му припаднат на германскиот клуб.
Ерлинг Халанд не го криеше разочарувањето по елиминацијата на Норвешка од Англија во четвртфиналето на Светското првенство, но порача дека неговата селекција испратила силна порака до фудбалскиот свет.