• На Чаир не признаваат „цареви“!

    Новиот прволигаш Шкупи, на најдобар можен начин ја заврши полусезоната и со убедливи 5-0 го совлада Младост Царев двор на стадионот во Чаир. „Гулабите“ потврдија дека имаа план, стратегија и солиден играчки кадар и дека неслучајни се постојаните резултати оваа есен.

  • Недељковиќ ја „приземји“ Шкендија во Кратово

    И пред ова предпоследно есенско коло, беше познато дека Силекс ќе ја крои судбината за есенската титула, бидејќи се среќава со Шкендија и Вардар во последните две кола. Сепак дилеми за екипата која презимува на чело веќе нема, бидејќи Шкендија загуби денес во Кратово и Вардар со пет бода предност влегува во последните 90 минути оваа есен.

  • Арсенал во тага, почина најверниот „топџија“

    Арсенал вчера ја прослави победата над Сандерленд со 3-1, со што екипата на Арсен Венгер се врати на второто место на табелата. Но, денес пристигна тажна вест од Лондон. Арсенал се збогува од Ерни Крауч, стравствен навивач на „топџиите“. Крауч, кој почина на 91-годишна возраст, повеќе од 70 години беше редовен навивач на својот сакан клуб, како на стариот „Хајбери“, сегашниот „Емирати“, така и на стадионите ширум Англија и Европа.

  • Мојс го менува Монк на клупата на Свонси?

    Дејвид Мојс, може да биде именуван за нов менаџер на англискиот премиерлигаш Свонси. Според информациите, Шкотот нема долго време да остане без работа, откако беше отпуштен поради слаби резултати од шпанскиот тим Реал Сосиедад. Според весникот "Мирор", бившиот предводник на Евертон, Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад, може да го замени Гери Монк на чело на Свонси, откако „лебедите" влегоа во очајна форма во последно време.   Шпекулациите за тренерска смена ќе се интензивираат уште повеќе по вчерашниот пораз на тимот, кој сигурно ќе го натера првиот човек на клубот Хју Џенкинс да повлече потег за смена на менаџерот. Според информациите ако Монк биде отпуштен, тогаш Мојс ќе биде прв фаворит да го замени.

  • Мајсторија на Барди во победата на Ујпешт

    Македонскиот репрезентативец до 21 година, Енис Барди продолжува со добри игри во унгарскиот шампионат. Тој на дуелот на неговата Ујпешт Дожа против Диосѓер, постигна фантастичен гол од близу 30 метри.

  • Васовски: После сите случувања, ремито е најреален резултат

    Вардар делува уморно и како едвај да чека да заврши првиот дел од фудбалскиот шампионат на Македонија. Четири освоени бода на последните три меча, сведочат дека со нешто помалку од 50% успешност во последниот циклус, екипата на Седлоски и Васовски не е истиот тим кој најави хегемонија во нашиот фудбал во октомври и првата половина од ноември, Ремито со Работнички во Велес, од стручниот штаб на „вардарци“ го сметаат за реален исход и позитивен сигнал по елиминацијата од Купот.

  • Мурињо: Очигледно е дека имаме проблем со постигнување голови

    По само еден освоен бод на последните два натпревари засилени се шпекулациите за смена на клупата на Челзи. Португалецот Жозе Мурињо е на удар на јавноста, посебно по поразот од Бурнмаут на домашен терен со 0-1, со примен гол во самата завршница. Сега е јасно дека Челзи за време на Божикните празници ќе биде поблиску до дното одколку до врвот. 

  • Интер „минимално“ против Пандев и Џенова

    Фудбалерите на Интер на „Џузепе Меаца“ славеа минимална победа против Џенова, екипа во која настапува нашиот Горан Пандев со 1-0 (0-0). Единствениот гол за домаќините го постигна Адем Лајиќ во 59. минута по прекрасно изведениот слободен удар. Последните минути Интер ги играше со играч помалку по исклучувањето на Д'Амброзио во 86. минута, поради втор жолт картон. Гостите од Џенова не ја искористија предноста од човек повеќе до крајот на мечот, па „нероазурите" заслужено се радуваа на освоените три бода. 

  • Костовски со два гола го „вади Леувен од калта“

    Потенцијалниот репрезентативец, Јован Костовски беше двоен стрелец за белгискиот Леувен во победата од 5-1 над Вестерло, во дуелот на двете последнопласирани екипи во најсилниот белгиски шампионат.

  • Хајдук „изгоре" во 94. минута на "Максимир"

    На „Максимир“, во Загреб, се одигра дерби дуелот на хрватскиот фудбал помеѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит, во кој поуспешни беа домаќините, кои во драматична завршница го освоија целиот плен, триумфирајќи со 2-1 (1-1). „Модрите" поведоа веќе во 5. минута со голот на Фернадез, а гостите од Сплит изедначија на 1-1 во 17. минута со голот на Мијо Чакташ. Тоa беше резултатот со кој фудбалерите на двете екипи отидоа на одмор.

  • Ангеловски: Уживав во нашата игра, штета што не победивме

    На првиот првенствен меч на скопските ривали оваа есен, Работнички прими гол во судиското надополнување, а сега практично во истата минута пропушти можност да го победи првакот Вардар. Но и покрај шансата која им побегна, тренерот на дебармаалци, Игор Ангеловски има само пофални зборови за своите фудбалери и начинот на кој го одиграа дербито.

  • Пачовски: Убеден бев дека Вујчиќ во вториот пенал ќе шутира лево, и погодив во изборот

    Ако по натпреварот во Турново, многумина го критикуваа, искусниот голман на Вардар, Томе Пачовски пак се издигна и го спаси Вардар од пораз во Велес на мечот со градскиот ривал, Работнички. Да не беше битолчанецот, веројатно алармот на криза во нашиот најтрофеен клуб ќе беше вклучен заради серијата на порази од Хоризонт Турново и Шкендија (два пати). Но вториот одбранет пенал на Вујчиќ го смири „пожарот“ во вардаровиот табор.

  • Пачовски го спаси Вардар од пораз од Работнички

    Во натпревар со чуден тек на настаните, Работнички и Вардар играа без победник, 1-1 на стадионот во Велес, со што борбата за есенската титула останува отворена. Вардар прокоцка можност да триумфира, а на крајот од мечот, можеше и да загуби, па треба да му се заблагодари на голманот Пачовски, што извлече реми против дебармаалци. 

  • Пиоли не отстапува: Нема да го напуштам „бродот што тоне“!

    Стефано Пиоли одби да поднесе оставка по поразот од Јувентус со 0-2 синоќа. Неговиот тим загуби на домашен терен во првиот натпревар од 15-коло на Серија А. Поразот за Лацио значи дека небеско-сините остануваат без победа во шампионатот веќе шест последователни натпревари. Веднаш се појавија шпекулации дека на чело на Лацио наскоро ќе застане Марчело Липи, кој со денови во италијанскиот печат се спомнува како ново име за неколку клубови. 

  • Џејми Варди го доби сертификатот од Гинисовата книга на рекорди

    Џејми Варди ја доби наградата за неверојатната серија од 11 натпревари во Премиер лигата, на кои се запиша во листата стрелците. Тој го сруши рекордот на Руд Ван Нистелрој, кој во 2002 година постигна голови на 10 последователни натпревари. Варди, на натпреварот со Свонси, може да го изедначи рекордот на цела Англија, кој го држи напаѓач на Шефилд Јунајтед. Рекордот гласи 12 натпревари по ред и стои уште од 1932 година.

  • „Се разбуди“ и Шалке: Хунтелар инспиратор на триумфот над Хофенхајм

    Фудбалерите на Шалке 04 го совладаа Хановер со 3-1, во првиот меч од 15-коло на германската Бундеслига. Победата над Хановер беше прва за тимот на Брајтенрајтер по пет мечеви, на кои екипата од Гелзенкирхен немаше триумф. Холанѓанецот Клас Јан Хунтелар беше најзаслужен за седмата победа во првенството, откако избори пенал и постигна еден гол.

  • Куртоа повторно меѓу стативите

    Тибо Куртоа, голманот на Челзи, по три месечна пауза се заздрави од повредата и се враќа во составот. Ова денес го потврди Жозе Мурињо, менаџерот на Челзи.

  • Пандев категоричен: Освоив многу трофеи со Интер, но сега сакам победа со Џенова

    Македонскиот интернационалец Горан Пандев е во исчекување на дуелот во рамките на 15. коло на италијанската Сериа А, меѓу неговиот сегашен клуб Џенова и поранешната „љубов“, екипата на Интер.

  • Официјално: Кралскиот клуб исфрлен од Кралскиот куп

    Кралскиот клуб Реал од Мадрид денес и официјално беше исфрлен од натпреварувањето на Купот на Кралот. Покрај исфрлањето, Реал беше казнет и со 6.000 евра парична казна. 

  • Чилеански судија во стилот Ривалдо

    Чилеански судија се кандидира за титулата „глумец на годината“, по неверојатниот потег на натпреварот од чилеанската Примера, помеѓу екипите на Хуачапато и Палестино. 

Pages