• Џузепе Роси се враќа во Шпанија?

    Напаѓачот на Фиорентина, Џузепе Роси, најверојатно во јануари ќе го напушти италијанскиот тим. Според италијанските медиуми, Роси ќе се врати во шпанската Примера, каде што пред Фиорентина одигра шест сезони за Виљареал. Тимот на Бетис е заинтересиран за Роси и веројатно веќе во јануари, Италијанецот ќе ја напушти Фиренца. за да се пресели во клубот од Севиља

  • Лампард по втор пат „во тавче“, на свадбата Чех, Ивановиќ и Тери

    Англискиот фудбалер Френк Лампард и британската водителка Кристин Бликли официјално се во брак откако направија помпезна церемонија за време на викендот во Лондон. Тие претходно се верија во 2011 година, од кога и живеат заедно.

  • Велбек: Ќе се вратам подготвен во јануари или февруари

    Напаѓачот Дени Велбек не знае кога ќе може да се врати на терените по тешката повреда. Првите луѓе на Арсенал не сакаат да потврдат кога може да се очекува неговиот кам-бек.

  • Румениге: Знам кој е новиот клуб на Гвардиола

    Пеп Гвардиола ја потврди веста дека на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн и дека негова замена ќе биде Карло Анчелоти. Претседателот на Баерн, Румениге изјави дека знае каде Каталонецот ќе ја продолжи својата кариера: 

  • Волкот и Жиру му пресудија на Манчестер Сити

    Во последниот натпревар од 17. коло во англиската Премиер лига, тимот на Арсенал успеа да издвојува победа над Манчестер Сити со 2-1 (2-0) и ја продолжи победничката серија од четири победи со ред.

  • Даф ја завршува кариерата на 36 години

    Еден од најдобрите ирски фудбалери во последните 30 години, Дамјан Даф се одлучи да ја заврши кариерата како професионален фудбалер на 36 годишна возраст. Брзото крило кое за својата репрезентација одигра 100 натпревари (меѓу нив и два против македонската репрезентација - 1-0 за Ирска во Даблин и 3-2 за Македонија во Скопје) и постигна 8 гола не може повеќе да ги трпи болките во организмот по многубројните повреди.

  • Озил асистираше, Волкот и Жиру „стрелаа“

    По првите 45. минути од дерби натпреварот помеѓу Арсенал и Манчестер Сити, домашната екипа обезбеди водство од 2-0 со головите на Тео Волкот во 33. минута и на Оливие Жиру во 45. минута. И за двата погодоци директен „виновник“ е германскиот репрезентативец Месут Озил, кој асистираше за погодоците.

  • Шпанецот Сусо, нов соиграч на Пандев

    Младиот 22-годишен шпански интернационалец Сусо од јануари следната година ќе биде соиграч на нашиот Горан Пандев во Џенова. Милан и Џенова постигнаа согласност офанзивниот фудбалер за врска да отиде на шестмесечна позајмица во клубот кој го води тренерот Гасперини. 

  • Корнер знаменцето го фаулираше Де Брујне!

    На натпреварот помеѓу Арсенал и Манчестер Сити, најскапото засилување за оваа сезона на гостинската екипа, Кевин Де Брујне, ни покажа како не се изведува корнер. Наместо топката тој го удри корнер знаменцето, со што ја насмеа домашната публика.

  • Тензиите продолжуваат, расправија меѓу Модриќ и Пепе

    Тензиите во соблекувалната на Реал Мадрид очигледно се неизбежни. Како доказ за тоа е жестоката вербална расправија помеѓу двете звезди на Реал, Лука Модриќ и Пепе, при загревањето за натпреварот со Рајо Валекано. Подцна „кралевите“ славеа со 10-2, но и покрај тоа видливо е дека многу работи во односите во Реал Мадрид не се како порано.

  • Манчини: Глупоста на Фелипе Мело ни ги расипа празниците

    Роберто Манчини беше бесен по вториот домашен пораз, синоќа од Лацио со 1-2 во последниот натпревар за оваа година во Серија А. Лидерот загуби со 2-1 на домашен терен, а победоносниот гол римјаните го постигнаа од пенал на наивен начин скривен од Фелипе Мело.

  • Друловиќ доби наследник: Иван Томиќ е нов тренер на Партизан

    Иван Томиќ е третиот тренер на белградски Партизан во сезоната, откако Зоран Милинковиќ ја започна сезоната, а во октомври беше заменет со Љубинко Друловиќ кој остана на „жешкото столче“ неполни два месеци. 

  • Јакинта во конекција со италијанската мафија?

    Според пренесувањето на дел од британските медиуми, судот во Италија наредил судење за 140 лица, поради наводни остварени врски со најмоќната мафијашка организација во Италија, озлогласената Ндрангета.

  • Хамбарџумјан уште три години во Вардар

    Ерменскиот интернационалец Ховханес Хамбарџумјан потпиша нов тригодишен договор со македонскиот шампион Вардар. Фудбалерот, кој игра одлично по десната страна, во есенскиот дел од првенството пропушти голем дел од официјалните натпревари заради повреда, но на мечевите на кои играше потврди за каков фудбалер се рабоити.

  • Официјално: Плетикоса на голот на Депортиво Ла Коруња

    Изненадувачка вест пристигна од Шпанија. Хрватскиот голман Стипе Плетикоса потпиша договор со шпанскиот прволигаш, Депортиво Ла Коруња, чии клубски бои ќе ги брани до крајот на сезонава, со опција за продолжување на договорот за уште една дополнителна година.

  • Поразот од Баерн донесе тренерска смена во Хановер

    Михаел Фронцек од денес не е повеќе тренер на германскиот прволигаш Хановер. Домашниот пораз од есенскиот првак Баерн го чинеше радикална промена клубот од источна Германија, кој на Фронцек сметаше од април оваа година, а стручњакот претходно работеше во Борусија Менхенгладбах, Арминија Билифилд и Алеманија Ахен. Клубот и тренерот пронајдоа заедничко решение да ја прекинат соработката, откако Хановер претрпе три порази во серија. 

  • Бекам го носи Ибрахимовиќ во американската МЛС лига

    Дејвид Бекам пројави желба да го доведе Златан Ибрахимовиќ како прво засилување за својот нов фудбалски клуб Мајами, кој е во негова сопственост, а ќе се натпреварува во американската МЛС лига, најдоцна за три години.

  • Рене Игита ја повтори својата „скорпија“ на тренинг

    Рене Игита е еден од најпознатите фудбалски голмани во последните 30 години.

  • На денешен ден Кантона не „почести“ со ремек дело

    На денешен ден во 1996 година, легендарниот Ерик Кантона го постигна најубавиот гол во кариерата. Голот не беше за победа и не беше постигнат во одлучувачки натпревар, но неговиот мајсторски продор и одлична завршница и ден денес се памети, како и начинот на прославата за голот. Играа Манчестер Јунајтед и Сандерленд, а истата сезона „црвените ѓаволи“ го освоија шампионатот на Англија.

  • Од никаде нов фаворит за клупата на Челзи: Пелегрини од јуни се сели во Лондон

    Според британските медиуми нов најсериозен кандидат за менаџерското место во Челзи е актуелниот менаџер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини.

Pages